Заев: Бугарија со ветото го прекрши Договорот за добрососедство
09.12.2020
Премиерот Зоран Заев во своето видео обраќање до нацијата истакна разочарување од бугарското вето, и истакна дека однесувањето на Бугарија не е согласно европските вредности.
Нивниот став, како што вели Заев, а навредлив за целиот македонски народ.
„На овој ден се слуша големо разочарување кај сите нас. Бугарија стави вето, го прекрши Договорот за добрососедство, и застана на патот на нашата европска интеграција, за која во многу случаи сите земји потврдија дека ги исполнуваме условите. Тоа не е европски начин, Бугарија не собра сили да се однесува европски. Тие направија гест кој не покажува ниту пријателство, ниту братство. Нивниот став е навредлив за целиот наш народ“, изјави Заев и дополни дека не е европски, ниту демократски во ова време некому да му наметнувате како да се чувствува и како да се изразува.
„Во 21. век не е европски, ниту демократски да му кажете некому како да се чувствува, како да се однесува. Не е европски да му наметнувате идентитет на друг народ. За Северна Македонија и македонскиот народ не се прифатливи овие услови. Затоа застанавме цврсто во одбрана на македонските национални интереси. Не дозволивме да се чепка во македонскиот идентитет“, рече меѓудругото Заев.
Мите Јаначков