Филипче: Мерките даваат резултати, но ситуацијата останува критична
15.12.2020
Доаѓа период во којшто очигледно е дека може да се случат големи групирања на граѓани, особено во угостителстите објекти, рече министерот за здравство, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање да ја образложи една од новопредложените мерки од страна на Комисијата за заразни болести.
-Имајќи предвид дека доаѓаат новогодишните празници, предновогодишната атмосфера на некој начин ги понесува граѓаните. Сметаме дека работното време до 18:00 часот, со нормално почитување на постоечките протоколи за време на нивната работа, нема да биде дополнителен ризик. Но, повеќе часови по крај на работното време сметаме дека се ризик- рече Филипче.
Иако мерките даваат резултати, рече Филипче, ситуацијата се уште е критична, не смееме да дозволиме никакво опуштање.
-Затоа даваме дополнителна рестрикција, која сметаме дека сега е сосема доволна- рече Филипче.
Мите Јаначков