Умерено облачно со магла по котлините
Објавено: 16 декември, 2020, во 09:28 часот
16.12.2020
Во Македонија денеска се очекува умерено облачно време, со слаб ветер од јужен правец. По котлините претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност кои по одделни котлини ќе се задржат и во текот на денот.
Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла и ниска облачност, која во текот на денот ќе се намали. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.



