Сончево со мала до умерена облачност, магла по котлините

Објавено на 17 декември, 2020 во 09:08

vremenskaprognoza fin

17.12.2020

Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност кои во текот на денот ќе се намалат.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.

Во Скопје, претпладне со појава на магла и ниска облачност, која во текот на денот ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 9 степени.

Следува период на стабилно и суво време. По котлините во претпладневните часови ќе има појава на магла и ниска облачност.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.