Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози

Објавено на 29 декември, 2020 во 09:22

soobrakajposuvipatishta fin

29.12.2020

Поради изведување работи на пат (минирање) на патниот правец Кичево – Охрид кај с.Врбјани на ден 30.12.2020 (среда) во период помеѓу 12:00 и 15:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин од 10 до 15 минути.

Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.