Филипче за празниците во кругот на семејството: Сакам да бидам пример за граѓаните

Објавено на 30 декември, 2020 во 10:04

venkoFilipce fin

30.12.2020

Министерот за здравство Венко Филипче ќе ја дочека новата година во домашни услови, во кругот на семејството. Тој денеска во изјава за медиумите апелира и до граѓаните да бидат совесни, да не се групираат и да ги почитуваат препораките за време на претстојните празници.

– Сакам да бидам пример за сите граѓани. Сега треба сите да ги почитуваме мерките и препораките и да сме свесни дека тоа е еден од механизмите со кои нема да дозволиме ситуацијата да се влоши сега кога навистина се изборивме и имаме видливи резултати, рече Филипче при примопредавање на германска донација во поликлиниката во Шуто Оризари.

Нагласи дека во изминатиот период е евидентно намалувањето на притисокот врз болниците и на бројот на новодијагностицирани.

Завчерашниот ден, како што истакна, е првиот ден кога на интерните клиники немало ниту еден нов прием на болни од ковид.

– Сега бројките значајно се намалуваат. Значичетелно се намалуваат новодијагноцираните на ден, значително се намалува факторот на преносливост и значително се намалуваат бројот на пациенти кои треба да се хоспитализираат. Болниците ширум државата се практично полупразни. На Инфективната клиника по подолг временски период има над 30 слободни кревети и на интерните клиники над 100 слободни кревети. Еден сериозно долг временски период, таа бројка на слободни кревети беше меѓу 20-30 кревети, рече Филипче, додавајќи дека спласнува и притисокот врз центрите за тестирање.

Филипче не исклучи можност да има некој мини-пик и натаму како резултат на непочитувањето на мерките. Но, како што посочи, здраствениот систем е подготвен да пресретне и следен бран.

– Ние нема да го смениме системот на реорганизација на јавно-здравствените институции додека не минат празниците, некаде до крајот на следниот месец. Верувам дека граѓаните ќе продолжат совесни да се однесуваат и дека ќе нема криза, но подготвени сме да пресретнеме таков бран, истакна Филипче.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.