Полицијата во Скопје казни 151 возач од кои 22 без возачка дозвола

Објавено на 5 јануари, 2021 во 09:33

policijaSK fin

5.01.2021

На територијата на Град Скопје вчера се казнети 151 возач во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Како што соопшти МВР, казнети се 22 возачи за возење без возачка дозвола, 13 за управување со брзина поголема од дозволената, 15 за нерегистрирани и технички неисправни возила, пет за управување под дејство на алкохол, осум за користење на мобилен телефон и две за поминување на затворен семафор (црвено светло).

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопшти МВР.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.