„Нула град во општина Центар“ и овој месец обезбедени хуманитарни пакети за 150 семејства во оваа општина

Објавено на 5 јануари, 2021 во 10:40

Nulaglad fin

5.01.2021

И овој месец 150 семејства кои имаат социјален ризик добија пакети со прехранбени и основни хигиенски производи, благодарение на активностите на „Нула град во општина Центар“

Како што велат од општината, оваа активност се реализира еднаш месечно, по претходно утврден список добиен од Министерството за труд и социјална политика.

„Во соработка со Банка за храна и здружението Хуманост, во тек е и акцијата за помош и поддршка на пензионери со ниски примања. На повозрасните граѓани овој период им се доставуваат пакети со прехранбени и хигиенски производи, а главната цел на акцијата е да се обезбедат пакети за сите пензионери со ниски примања кои живеат на територија на општината“, се вели во соопштението добиено од општина Центар.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.