Од 21 јануари, ќе се продолжи работното време на угостителските објекти

Објавено на 14 јануари, 2021 во 11:16

restorani fin

14.01.2021

Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека од 21 јануари Владата ќе донесе одлука за продолжување на работата на угостителските објекти до 21 часот, а постои можност нивното работно време да се продолжи до 23 часот.

„Единствено нешто што ќе се случи на 21 јануари е работното време на угостителите сигурно да се продолжи до 21 часот, а согласно проценката на ситуацијата до 21-ви, евентуално да се разгледа нивното барање за работа до 23 часот. Меѓутоа, сите други мерки остануваат во сила“, кажа Филипче.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.