Безбедна еко-линија за пријавување електричен и електронски отпад

Објавено на 15 јануари, 2021 во 11:50

nulaotpad fin

15.01.2021

Секое физичко и правно лице може да пријави електричен и електронски отпад со цел да се ослободи од него преку еко линијата 070/236 000, која е отворена секој ден, информираа денеска од ДОО Нула отпад.

Оттаму апелираат граѓаните да се охрабрат и да ја користат еко линијата која, потенцираат, е безбеден и бесплатен сервис за правилно одложување на овој тип на отпад.

Целта е правилно третирање на отпадот кој делува како нетоксичен, а всушност испушта тешки метали во воздухот, водата и почвата, кои што сериозно делуваат на здравјето на луѓето и воопшто на квалитетот на животната средина.

#електриченотпад #електронскиотпад #еколинија #НулаОтпад #безбеденсервис #бесплатенсервис 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.