АМСМ: Возете внимателно, провејува снег на Попова Шапка и на „Стража“
18.01.2021
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка и на планинскиот превој Стража, поради ниските температури на одредени места можна е појава на голомразица.
Авто- Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Стефани Манева
#АМСМ #СлабСнег #ПоповаШапка #Стража #НикиТемператури #Голомразица
