Се подобрува епидемиолошката слика, над 4.000 оздравени пациенти од Ковид-19 во последните два дена

Објавено на 18 јануари, 2021 во 10:25

kovid fin

18.01.2021

Бројот на оздравени пациенти од ковид-19 во последните два дена е во просек по 2.000, односно само за викендот оздравеле вкупно 4.125 лица. Во деноноќието меѓу саботата и неделата беа регистрирани 190 нови случаи, од направени 1.530 тестирања.

Во истиот период починаа шест лица, четворица пациенти од Скопје на возраст од 60 години, од 74 години, од 44 години и од 86 години, еден 72-годишен пациент од Куманово и еден 64-годишен пациент од Гостивар.

Во болниците во Скопје и низ државата има вкупно 685 ковид пациенти, а според информациите од Министерството за здравство има околу 616 празни болнички кревети во ковид центрите.

Планот за вакцинација е подготвен, а следниот месец, според здравствените власти, се очекува да пристигнат првите дози вакцини во државава од „Фајзер” од Ковакс механизмот.

Според министерот за здравство Венко Филипче, здравствениот систем е целосно подготвен за вакцинација. Веќе се пристигнати два фрижидера кои беа најавувани како донација за фајзеровата вакцина која се чува на -70 степени, а уште три се очекуваат во текот на наредните недели. Во еден фрижидер може да се складираат 100.000 дози вакцини. Вкупната количества на вакцина преку овој механизам за нашата држава се 833.000 дози.

Според планот, во првата фаза на вакцинација ќе бидат здравствените работници кои работат со ковид пациенти, вработените во лабораториите каде се прави дијагностика, штитениците на домовите за лица со посебни потреби и најстарите лица од возрасните групи над 70 години кои имаат коморбидитети.
Во втората група се останатите здравствени работници, вработени во критична инфраструктура – наставниците, вработените во градинките, новинарите и, секако, пациентите од другите возрасни групи со хронични болести.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88.938, бројката на оздравени пациенти е 73.601, на починати е 2.702, а бројот на активни случаи изнесува 12.635.

#ОздравениПациенти #Вакцинација #Ковид-19 #МинистерствозаЗдравство 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.