УХМР: Намален водостојот на реките, нивоата на езерата непроменети

Објавено на 18 јануари, 2021 во 10:35

vodostoj fin

18.01.2021

Нивоата на Охридското, на Преспанското и на Дојранското Езеро се исти како вчера, покажуваат последните мерења од Управа за хидрометеоролошки работи. Водостојот на Преспанското Езеро, како што информираат од Управа за хидрометеоролошки работи, за 34 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум.

Пад на водостојот во однос на вчерашниот ден се бележи кај поголем дел од реките во земјава. Пониско е нивото на Вардар кај Велес и кај Демир Капија, на Треска, на Лепенец, на Пчиња, на Крива Река, на Бабуна, на Струмица, на Црна Река, на Сатеска и на Радика.
На исто ниво како вчера е само водостојот на Брегалница кај Берово.

Зголемување на нивото има само кај реката Вардар, кај Јегуновце, каде денеска се измерени 140 сантиметри.

#УправазаХидрометеоролошкиРаботи #НамаленоНивоНаРеките #НамаленоНивоНаЕзерата #Вардар #ЗголемувањеНаНивото #УХМР

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.