Денеска ќе имаме променливо облачно време, со сончеви периоди

Објавено на 21 јануари, 2021 во 10:02

vreme fin

21.01.2021

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Најоблачно ќе биде во северозападните делови каде ќе има услови за повремени слаби врнежи од дожд, а на планинските места од снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а максималната температура ќе биде во интервали од 5 до 12 степени.

Веќе утре ќе имаме променливо облачно време, во северозападните делови облачно со повремени врнежи од дожд, само на највисоките планини од снег.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд, а на планините на северозапад од снег со променлив интензитет.
Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Поради јужното воздушно струење ќе има пораст на утринските и дневните температури, што ќе предизвика побрзо топење на снегот.

Стефани Манева

#ВременскаПрогноза #УХМР #ПроменливоОблачно #СончевПериод #ПланинитеСнег

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.