Расчистено разбојништво во аптека во Скопје, приведено едно лице
Објавено на 2 февруари, 2021 во 12:15
02.02.2021
Во текот на изминатиот ден, Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Скопје го лишеле од слобода Е.А. (36), затоа што околу 20 часот извршил разбојништво во аптека. Со закана кон вработената успеал да одземе сеф со пари.
-„Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активноти и Е.А. е приведен во Полициска станица Аеродром, заедно со одземените предмети“. – соопти Министерство за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот, против ова лице ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Стефани Манева
