УХМР: Не очекува сончево време со натпросечни дневни температури
Објавено на 4 февруари, 2021 во 09:47
04.02.2021
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.
Во текот на утрешниот ден ќе преовладува сончево време со умерена облачност. До недела ќе се задржи стабилно време со натпросечни дневни температури што ќе предизвика топење на снежната покривка на планините. Во понеделник под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, проследени со засилен јужен ветер.
Стефани Манева
