Филипче: Денеска ќе се потпише договорот за набавка на 200.000 кинески вакцини

Објавено на 8 февруари, 2021 во 09:30

filipce fin

08.02.2021

Министерот за здравство, Венко Филипче, договорот за набавка на 200 илјади кинески вакцини треба да го потпише во текот на денешниов ден.

Првите дози на Синофарм треба да пристигнат по потпишувањето за најкраток временски рок.

Со имунизација први ќе започнат медицинските работници и сите лица над 70 години. Матичните лекари ќе закажуваат вакцинирање против ковид-19 преку „Мој термин“, а идната недела ќе биде објавена веб-страница на која граѓаните ќе може електронски да се пријават.
На дневно ниво се очекува да се вакцинираат од 2000 до 2 500 граѓани.

– За секој граѓанин кој ќе ја прими првата доза, веднаш ќе биде резервирана и втората што треба да ја прими по 21 ден, што значи дека од првата пратка имаме две дози за вакцина и ревакцина за 100.000 лица. Записот за спроведена вакцинација станува дел и од електронското здравствено досие на пациентот. И секој кој што ќе биде вакциниран ќе добие сертификат, Термините помеѓу вакцинацијата ќе бидат на 10 минути, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Вакцината ќе стигне преку воздушен пат, а системот е подготвен да ги преземе вакцините од аеродром, складира и соодветно дистрибуира до вакциналните пунктови. Вакцината Синофарм се чува и дистрибуира на температура од два до осум степени што го олеснува начинот на транспорт, чување и дистрибуција.

Покрај кинеските вакцини земјава обезбеди 800 000 вакцини од КОВАКС системот и за исто толку се разговара и со компанијата „Фајзер”. Според министерот првата количина вакцини е сосем доволна за еден процес на вакцинација што ќе трае четири до седум недели.

Стефани Манева 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.