По породување на родилка од страна на невработено лице, вонреден инспекциски надзор во клиничката болница во Битола
10.02.2021
По добиените сознанија дека на одделението по гинекологија и акушерство во Јавна здравствена установа КБ „Д-р Трифун Пановски” во Битола, на ден 01.01.2021 година, царски рез на родилка извршило лице кое не е вработено во болницата и е странски државјанин, инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат ПО Битола, извршија вонреден инспекциски надзор.
По констатираната фактичка состојба врз основа на увидот во евиденциите во областа на здравството, медицинската докуменатција за пациентката, изјави дадени од директорот на установата, како и изјавите од здравствените работници кои биле вклучени во случајот, но и преземените активности од раководството на болницата.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе ги преземе следните мерки:
– До министерот за здравство ќе биде доставена информација за констатираната состојба и преземените мерки од Државен санитарен и здравствен инспекторат
– Државен санитарен и здравствен инспекторат ПО Битола ќе издаде решение за забрана на вршење на здравстевена дејност во болницата, односно забрана за давање здравствени услуги на пациенти од страна на странски државјани, без лиценца за работа обезбедена согласно Законот за здравствената заштита.
– Државен санитарен и здравствен инспекторат ќе достави известување до надлежното Основно јавно обвинителство за случајот, со прилог документација обезбедена при надзорот за натамошно постапување.
При вонредниот инспекциски надзор, Државен санитарен здравствен инспекторат ПО Битола констатираше дека директорот на установата во врска со случајот, преземал законски предвидени мерки, односно поведени се дисциплински постапки против девет лица, вработени на Одделот за гиенкологија и акушерство, а двајца доктори се суспендирани до завршувањето на дисциплинските постапки.
