Вучиќ и Заев утре на Табановце ќе извршат примопредавање на донацијата на вакцини од Србија

Објавено на 10 февруари, 2021 во 12:10

zaevivucic fin

10.02.2021

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре ќе му го предаде на премиерот Зоран Заев, првиот контингент вакцини што Србија ќе ги донира за нашата земја.

„Предавањето на контингентот вакцини неопходни за имунизација на граѓаните на Северна Македонија против вирусот корона ќе се организира на граничниот премин Табановце во 14:00 часот“, соопшти прес-службата на српскиот претседател.

Претходно претседателот на Србија, Александар Вучиќ посочи дека Србија ќе ѝ отстапи 8.000 вакцини на Македонија.

„Станува збор за „фајзеровата” вакцина, која заедно со „Модерна”, е единствената која ги има сите потребни сертификати од најголемите регулатори, европската ЕМА и американската ФДА. Сите вакцини што сега се достапни на пазарот се развиени на безбедна платформа и веќе се аплицираат во некои земји“, рече министерот за здравство, Венко Филипче.

Набавка од Фајзер вакцини Македонија имаше и преку Ковакс – механизмот (833.000), но и преку директни преговори со компанијата (800.000). Наместо тоа, преку Ковакс-механизмот земјава доби најава за вакцините на „Астразенека“, поради недостиг од вакцините на „Фајзер“.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.