УХМР: За време на викендот не очекува многу студено време, температурите ќе се спуштат до -15 степени

Објавено на 12 февруари, 2021 во 08:34

vreme fin

12.02.2021

Времето денеска ќе биде сончево и студено, со мала, а во западните делови умерена облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец, особено претпладне.

Утре не очекува облачно и студено време со врнежи од снег, пообилни попладне и во ноќните часови, особено во југозападните делови. До крајот на денот се очекува насекаде да се формира снежна покривка, а на планините да се зголеми. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Во наредните денови следува период на многу студено време со умерен до засилен ветер од северен правец. Во деновите од викендот ќе биде облачно со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Се очекува во југозападните делови на пониските места таа да изнесува над 20см.

Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

Температурите ќе се задржат значително под просекот за овој период и во текот на целиот ден ќе бидат негативни. Утринските температури ќе се спуштаат до -10, а во почетокот на наредната седмица на места и под -15 степени.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.