МП со демант: Лажна вест е дека министерот Маричиќ ја забрани употребата на „македонски“ и „Македонија“ за граѓанските здруженија

Објавено на 13 февруари, 2021 во 15:44

Maricic fin

13.02.2021

Министерството за правда денеска во изјава за МИА ги демантираше и ги оквалификува како лажна вест обвинувањата дека министерот за правда Бојан Маричиќ ја забранил употребата на придавката „македонски” и името „Македонија” во називот на граѓанските здруженија.

-Класична лажна вест е дека министерот за правда ја забранил употребата на придавката „македонски” и името „Македонија” во називот на граѓанските здруженија, односно трговските друштва. Министерството за правда, секогаш кога тоа е во согласност со Уставот и законите, дозволува да се употребува придавката „македонски”, наведуваат од Министерството за правда.
Имено, како што се посочува, само во последните неколку месеци се регистрирани друштвата со имиња СВЕТА ЛИДИЈА МАКЕДОНКА-ЧЕНТО, Македонска сомелиерска асоцијација-МАКСА, Здружението за екологија, едукација, спорт, култура и развој на свеста на граѓаните за историјата на македонскиот народ МАКЕДОНСКА ПРЕРОДБА Сопиште, Здружението Македонска Асоцијација на Планински и Ски Водичи на Република Северна Македонија.

-Сите овие решенија се потпишани од министерот за правда Бојан Маричиќ, стои во одговорот за МИА од Министерството и при тоа се приложени дел од потпишаните решенија.

28.1.2021
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДОБРУВА Здружението за изградба на Македонската православна црква СВЕТА ЛИДИЈА МАКЕДОНКА-ЧЕНТО, Скопје да ги содржи зборовите Македонската и Македонка во називот на здружението.

14.1.2021
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДОБРУВА Здружението Македонска сомелиерска асоцијација-МАКСА, да ја содржи придавката Македонска во називот на здружението и кратенката МАК во скратениот назив на здружението.

2.2.2021
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДОБРУВА Здружението за екологија, едукација, спорт, култура и развој на свеста на граѓаните за историјата на македонскиот народ МАКЕДОНСКА ПРЕРОДБА Сопиште, да ги содржи придавките Македонска и Македонскиот во називот на здружението.

11.12.2020
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДОБРУВА Здружението Македонска Асоцијација на Планински и Ски Водичи на Република Северна Македонија, да го содржи зборот „Македонија” и придавката Македонска во називот на здружението.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.