На Попова Шапка снежна покривка од 51 сантиметар снег, во текот на ноќта најстудено било во Битола каде се измерени -22 степени
16.02.2021
Висината на снежната покривка изутринава на Попова Шапка изнесува 51 сантиметар, 35 во Маврови Анови, 31 во Тополчани, 30 во Крушево, 27 во Пожаране, 26 во Битола, 25 во Дебар, 23 во Тетово, 21 во Берово, 20 во Претор, 18 во Демир Капија и Ѓуриште, 17 во Прилеп, 10 во Крива Паланка и Охрид и пет сантиметри во Струмица, Виница и Куманово.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи најниски температури се измерени во Битола -22 степени, -17 во Скопје-Петровец, -16 во Берово, -15 во Крива Паланка, Тетово, Демир Капија и Маврово, -14 во Прилеп и Штип, -13 во Дебар и Попова Шапка, -12 во Охрид, Крушево и Куманово, -11 во Претор и Пожаране, -10 во Виница, -9 во Струмица, Тополчани и Ѓуриште, -8 во Скопје-Зајчев рид и -4 во Гевгелија и Дојран.
Поради ниските температури, Министерството за здравство препорача граѓаните да носат повеќеслојна облека, соодветни обувки за снег и мраз и почеста консумација на топли напитоци.
Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството препорачува и избегнување алкохол, бидејќи го зголемува ризикот од хипотермија, како и редовно земање на пропишаната терапија кај хронично болните, а во случај на потешкотии со дишењето, се препорачува граѓаните веднаш да се јават кај својот матичен лекар.
Исто така, се препорачува да се избегнува практикување физичка активност на отворено, а при движење особено да се внимава на лизгави површини.
Стефани Манева