И покрај препораките повторно голем број на граѓани кои не ја почитуваат уредбата за носење на маска
Објавено на 16 февруари, 2021 во 09:19
16.02.2021
Во текот на изминатото деноноќие на територија на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се вкупно 328 прекршоци, соопшти Министерство за внатрешни работи.
Оваа бројка покажува дека покрај препораките од страна на Владата и Министерството за здравство, голем дел од граѓаните не ги почитуваат мерките.
Се апелира до сите граѓани да носат маска, да држат растојание од два метри како и да ги дезинфицираат своите раце со цел спречување на коронавирусот.
Стефани Манева