Угостителите и денеска на улица, од среда ќе протестираат и пред Влада

Објавено на 22 февруари, 2021 во 09:47

iP28c ugostiteli ugostitelski objekti kafic

22.02.2021

Угостителите и денеска ќе излезат на протест. Повторно ќе ја блокираат главната крстосница во Автокоманда, а во среда ќе протестираат пред Влада. Велат дека откако јавно ги изнесоа своте барања на протестот во петок, никој од Владата и Министерството за економија не ги исконтактирал.

Ќе протестираат се додека не добијат дозвола за работа под истите протоколи што важат и за останатите угостителски објекти.

Маката на угостителите ја делат и другите поврзани дејности. Ако нема свадби и други веселби нема работа и за нив.

Од Владата со истиот став, протоколите ги носи Комисијата за заразни болести и нема што да додадат. Министерот Бектеши во петокот изјави дека угостителите добиле доволно помош од државата и не се согласува со ултиматумите што ги испратиле.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.