УХМР: Денеска не очекува сончево време од утре облачо и значително опаѓање на температурите

Објавено на 5 март, 2021 во 08:22

sonce 41217

05.03.2021

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Утре не очекува облачно и посвежо време со повремен локален дожд, на планините со повремен снег, особено во западните и северните делови. Ќе дува засилен ветер од северен правец, поизразен во должина на Повардарието и на повисоките места каде на места ќе достигнува над 70 км/час. Дневните температури значително ќе опаднат.

Слаби локални врнежи се можни и во недела. Дневните температури ќе опаѓаат и во недела ќе бидат пониски за 8 до 10 степени од досегашните. Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.