МЗ: Вкупно 1.015 лица се хоспитализирани во моментот низ земјава, празни 350 болнички кревети

Објавено на 14 март, 2021 во 15:33

kovidinfektivna fin

14.03.2021

Вкупната бројка на позитивни и суспектни пациенти на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.015 и има околу 350 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Вкупно 428 лица сомнителни и потврдени лица со ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, а 587 пациенти се лекуваат во ковид центрите во болниците низ земјава во изминатите 24 часа.

Како што соопшти Министерството за здравство (МЗ), во болницата во Битола се хоспитализирани 56 позитивни и суспектни пациенти на ковид-19, во болницата во Штип – 38 пациенти, на инфективното одделение во Тетово – 23 пациенти, во Велес – 42 болни, а во Куманово – 92 пациенти.

Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 55 пациенти, во Прилеп – 93, во ковид-центарот во Гостивар – 31, а во Струга – 18 болни. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 37 лица, во Кочани – 5 во Кичево – 6, во Кавадарци – 68, во Гевгелија – 10, а во Дебар – 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.