Постои можност да се воведе нов полициски час за време на викендот

Објавено на 16 март, 2021 во 09:32

 час

16.03.2021

Полициски час од 17 часот попладне до 05 часот наутро, од петок до понеделник е една од можните рестриктивни мерки кои се планираат за земјава за крајот на оваа недела. Се размислува дури и за целосен „локдаун“ во текот на двата дена од викендот, но таа опција сега е малку веројатна, и од друга страна, заострувањето на рестрикциите е извесно, пишува Фактор.

Од Министерството за здравство потврдуваат дека е можно да следува викенд во кој ќе има порестриктивни мерки за заштита, но дека нема таква одлука се уште. Дали ќе има ќе зависи од бројот на заболени и хоспитализациите во деновите до петок. Денеска владата ќе ја оддржи редовната 54-та седница на која ќе биде разгледана тековната епидемиолошка состојба во земјата.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.