Видео: На територија на цела држава, регитрирани се 11 лица кои не го почитуваат полицискиот час и 558 кои не носат маска
Објавено на 17 март, 2021 во 09:25
17.03.2021
Во текот на изминатото деноноќие, од 22:00 часот до 05:00 часот констатирано е дека 11 лица не ја почитувале забраната за движење.
Исто така, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 558 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.
Стефани Манева
