Караџовски: 116 лица во Македонија по вторпат се заразиле со ковид 19

Објавено на 17 март, 2021 во 12:46

455313

17.03.2021

116 лица во Македонија по вторпат се заразиле со ковид-19, соопшти денеска претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски.

-Прележувањето на инфекцијата од Ковид-19 не е гаранција дека лицето повторно не може да биде заразено со друг сој на вирусот. Будно гледаме кој е тој процент или просек на реинфекција, тоа се 116 случаи од околу 112.000 заболени што е 0,01 процент. Тоа е релативно многу мал број од вкупниот број позитивни. Тоа може да се случи од непочитување на мерките или лицата мислат дека не можат повторно да се заразат со вирусот. Никому не можеме да кажеме дека инфекцијата којашто е прележана пред извесен период не може да донесе реинфекција со нов сој, рече Караџовски, додавајќи дека британскиот сој е присутен во државава и неколкукратно е позаразен од првичниот сој на вирус.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.