Продолжува полицискиот час со исто времетраење во наредните две недели

Објавено на 21 март, 2021 во 16:26

policiskicas fin

21.03.2021

Министерот за здравство Венко Филипче во изјава за ТВ Сител соопшти дека мерката полициски час ќе продолжи да биде во сила во наредните ве недели со исто време.

„Врз основа на последните бројки на дијагностицирани и врз основа на бројот на лица кои се хоспитализираат и врз основа на бројот на слободени кревети, ставот е дека од утре ќе продолжат да важат истите мерки, тоа значи дека останува на сила мерката полициски час од 22 до 05 часот“, вели министерот за здравство Венко Филипче во изјава за Телевизија Сител.

Утре Комисијата за заразни болести ваков предлог ќе достави до Владата.Инаку, ноќва е во сила последниот полициски час прогласен пред две недели.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.