Претреси во станот на Миле Јанакиески во Прилеп и во станови на Груевски во Скопје

Објавено на 23 март, 2021 во 15:20

GruevskiiJanakieski fin

23.03.2021

Утрово бил извршен претрес во становите на поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески и на екс премиерот Никола Груевски, дознава „Слободен печат“.

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, за „Слободен печат“ потврди дека извршен е претрес на дополнителниот имот на експремиерот Груевски во Скопје, а во врска со предметот „Плацеви на Водно“.Претреси на поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески бил во објект во Прилеп. Од јавното обвинителство потврдувиле дека имало претреси во објекти во Прилеп но не прецизираа за што станува збор.

Во случајот наречен „Плацеви на Водно“, покрај Груевски осомничени се и неговиот кум Ристо Новачевски, Сашо Мијалков, Орце Камчев, неговата мајка Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.

Извор: Слободен печат

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.