Виртуелна средба на Маричиќ со претседавачот на ЛИБЕ Комитетот и европратеник Лопез Агуилар

Објавено на 24 март, 2021 во 10:28

164518018 228788255656008 2612405024059566339 o

24.03.2021

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска во Брисел остварил вирутелна средба со со претседавачот на ЛИБЕ Комитетот и европратеник, Јуан Фернандо Лопез Агуилар на која било разговарано за европските перспективи на земјата и реформите во правосудството.

– Утрово во Брисел имав виртуелна средба со претседавачот на ЛИБЕ Комитетот и европратеник Јуан Фернандо Лопез Агуилар. Разговаравме за европските перспективи на земјата и реформите во правосудството кои ги презема Министерството за правда, објави на својот Фејсбук профил министерот Маричиќ.

Маричиќ, како што информира на европратеникот Јуан Фернандо Лопез Агуилар, му го праставил и планот за дигитализација на судството со кој се предвидува опремување на над 100 судници со технологија потребна за онлајн судење.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.