Во недела пристигнуваат првите 24 000 вакцини на АстраЗенека преку Ковакс

Објавено на 26 март, 2021 во 09:13

vakcina protiv kovid 19 696x392

26.03.2021

На 28 март во државава ќе пристигне првата пратка од 24 000 вакцини на АстраЗенека преку Ковакс системот, со што, како што најавија властите, треба да почне вакцинацијата на населението.

– Оваа недела на 28 март, во 7.55 часот во Скопје пристига првата пратка од 24 000 вакцини на АстраЗенека преку Ковакс системот, објави синоќа на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Како што изминатите денови најави Филипче, во април се очекува да стигнат поголеми количини вакцини и од Кина и Русија.

Во тек е вакцинација против ковид-19 на здравствените работници. Според податоците објавени на сајтот kovid19vakcinacija.mk , досега вакцина против ковид-19 примиле 6 940 здравствени работници, а вкупно пријавени граѓани за вакцинација преку сајтот vakcinacija.mk се 111 285.

Според податоците од Институтот за јавно здравје, зголемен е бројот на заразени и хоспитализирани со ковид-19 во државава. Регистрирани се нови 1 264 случаи со ковид-19, 29 починати, 722 оздравени пациенти.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 123 491, бројката на оздравени пациенти е 103 374, на починати е 3 574, а бројот на активни случаи изнесува 16.543.

Од Министерството за здравство велат дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка, а доколку има потреба, одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.