УХМР: Променливо време до среда, потоа пораст на температурите

Објавено на 28 март, 2021 во 13:24

promenlivovreme fin

28.03.2021

До среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец. Кон крајот на неделата температурите ќе бидат во пораст, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

УХМР за денеска најави сончево време со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб
локален дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 степена. За наредните три дена прогнозира максимална температура од 20 односно 21 степен, а во четврток и во петок се очекува да достигне до 24, односно 23 степени.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.