Зголемен водостојот на Преспанското Езеро
Објавено на 1 април, 2021 во 08:31
01.04.2021
За еден сантиметар е зголемен водостојот на Преспанското Езеро, додека нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи.
Сепак, водостојот на Преспанското Езеро е за 1,53 метри понизок од просекот за април иако за 15 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум. Пониско од просечното е и нивото на Охридското Езеро и тоа за 23 сантиметри, додека водостојот на Дојранското Езеро е за 2,83 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој месец.
Пониски од просечните се и водостоите на речиси сите реки во земјава. Исклучок се реките Пчиња, на мерните места во Пелинце и Катлановска Бања, и Струмица кај Сушево