СДСМ: Со инвестицијата во проектот „Александруполи“ ја обезбедуваме македонската енергетска иднина

Објавено на 2 април, 2021 во 08:15

thumbnail 20200519123207 DP5D0026

02.04.2021

Владата предводена од СДСМ презема сериозни чекори со цел обезбедување на чисти, еколошки енергенси и зголемување на енергетската независност, велат од владејачката партија.

-Со потпишаниот Меморандум за соработка на АД ЕСМ и АД Национални енергетски ресурси со компании од Република Грција, Република Северна Македонија ќе земе учество проектот за изградба на терминал за течен природен гас на 17 километри од Александруполи за складирање и гасификација на течниот природен гас, со капацитет од над 5,5 милијарди кубни метри. Согласно договорот нашата држава учествува со 25 отсто во гасната централа на природен гас во „Александруполи“ која е 800 мегавати, а проценетата инвестиција во оваа електрана е повеќе од 380 милиони евра. Предвидено е да учествуваме и со 10 проценти од вкупната вредност од 370 милиони евра во инвестицијата во гасниот терминал, се вели во дописот.

Според СДСМ, до 2023 година е планирано да бидат ставени во употреба и гасниот терминал и гасната станица.

-Благодарение на овој реален капитален проект власта предводена од СДСМ создава можност за трајно и стабилно снабдување со природен гас за нашата земја, од каде гасот понатаму ќе се дистрибуира во регионот. Природниот гас е исклучително корисно гориво бидејќи неговата употреба има широк опсег, и тоа во домаќинствата, во индустријата и сообраќајот, но и за производство на електрична енергија и топлина. Гасификацијата е важен сегмент за одржување на економската стабилност, и за граѓаните и за компаниите, како и за животната средина. Владата предводена од СДСМ останува посветена на спроведување одговорни државнички политики во делот за енергетската ефикасност со цел обезбедување на поевтини извори на енергија, здрава животна средина и почист воздух за сите, се вели од СДСМ.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.