Одлично тече вакцинацијата на наставничките и наставниците во салата Борис Трајковки
Објавено на 8 април, 2021 во 10:37
08.04.2021
Министерот за здравство Венко Филипче преку својот Фејсбук информираше дека денеска во салата Борис Трајковски се вакцинираа наставничките и наставниците.
-Одлично тече вакцинацијата на наставничките и наставниците од 1 до 3 одделение во салата Борис Трајковски. Вчера и денес треба да се вакцинираат 3000 пријавени од оваа група. Со ова го заштитуваме образовниот процес кај децата со физичко присуство во најниските одделенија. Вакцинацијата следните денови продолжува со воспитувачките од градинките, напиша Филипче.
