УХМР: Денес и утре не очекува променливо облачно време со локални врнежи од дожд
Објавено на 13 април, 2021 во 07:27
13.04.2021
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на места поројни и пообилни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Денес и утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и ретки грмежи.
Утре и во четврток на планините врнежите ќе бидат од снег. Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд, на планините од снег се очекува за време на викендот.
Стефани Манева
