АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози

Објавено на 13 април, 2021 во 07:30

amsm13.04.2021

Oд 12 до 15 часот во времетраење од 20 минути ќе се врши минирање на автопатот А2 на патниот правец планински премин Пресека – село Врбјане.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Авто Мото Сојуз на Македонија, препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Стефани Манева 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.