Во последното деноноќие 15 лица не го почитувале полицискиот час и 480 не носеле маска
Објавено: 15 април, 2021, во 09:25 часот
15.04.2021
Од 20.00 часот до 05.00 часот констатирано е дека 15 лица не ја почитувале забраната за движење, информираат од МВР.
Во однос на мерката за носење на лична заштита лице во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија регистрирани се 480 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

