Филипче до медицинските лица: Благодарност до сите заслужни за професионалноста, одговорноста и енергијата

Објавено на 15 април, 2021 во 11:32

filipce i personal

15.04.2021

Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва на својата Фејсбук страница сподели фотографија во знак на благодарност до сите здравствени работници кои секојдневно се соочуваат со коронавирусот и кои даваат сѐ од себе за здравјето на сите граѓани.

-Во процесот на вакцинација клучната работа ја вршат здравствените работници, сестри и студенти по медицина и фармација кои секојдневно се среќаваат со безброј граѓани во А1 Арената Борис Трајковски. Тие како и многу други кои работат на пунктовите низ државата ги поминаа сите неопходни обуки за вршење на оваа задача. Благодарност до сите за одговорноста, професионалноста и енергијата која ја споделуваат со граѓаните, пишува Филипче.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.