(Видео) Секуловски: Неоснованото одбивање на тужбите на новинарите за инцидентите од 27 април е доказ за селективната правда
16.04.2021
Основниот граѓански суд во Скопје, ја одбиле тужбата за спреченост на правото на информирање на граѓаните како и за нематеријална штета за претрпен страв и душевна болка на Горан Трпеноски кој за време на инцидентите од Собранието на 27 април 2017 година, како новинар известувал за онлајн медиумот САКАМДАКАЖАМ.МК .
Во пресудата, судијата Јованка Спировска Панева, образложила дека во тоа време, Трпеновски не бил новинар бидејќи работел во онлајн медиумот САКАМДАКАЖАМ.МК кој пак според Закон за медиуми, според судија Панева не се смета за медиум. Освен ова, дополнително судот во оваа пресуда не го признала правото на информирање како уставна категорија, оценувајќи дека во тоа време,Трпеновски бил спречен да ја информира македонската јавноста за случувањата во Собранието, следствено на тоа нема право на штета.
Европската федерација на новинари и Здружението на новинарите оценуваат дека оваа судска пресуда е проблематична од неколку аспекти.
-Темите кои ги засегаат новинарите, истите имаат и поширок интерес. Повредата на правата на новинарите во основа претставува и повреда на правото на информирање на секој граѓанин. Неоснованото одбивање на тужбите на новинарите од страна на Основниот граѓански суд во Скопје, за инцидентите од 27 април е доказ за селективната правда. Да се потсетиме дека обвинителството по службена должност покрена постапки во име на политичарите за нивните нпаѓачи и сега најголем дел од нив издржуваат затворска кана. Од друга страна новинарите беа оставени сами да тужат со цел да ги заштитат не само нивните права, туку и правата на граѓаните дa бидат информирани. Оваа пресуда на судот во Скопје во која се одбива тужбата на колегата Трпеноски, го негира правото да добие надомест на нематирајална штета за претрпен страв, како и за повреда на слободата на изразување со што се отвораат најмалку два проблема, изјави во Утрински брифинг извршниот директор на ЗНМ, Драган Секуловски.