УХМР: Денес сончево време, од утре повторно врнежи од дожд
Објавено на 21 април, 2021 во 07:26
21.04.2021
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во текот на денот на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Денес и утре утринските температури на места ќе се спуштат околу нула, а дневните ќе бидат во пораст. Од утре кон крајот на денот до сабота под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни.
