Шаленберг: Бугарија и С.Македонија не треба да губат време, Австрија им стои на располагање во решавање на спорот

Објавено на 23 април, 2021 во 08:45

halenbeg

23.04.2021

Јас бев длабоко разочаран од неможноста да се започнат пристапните преговори со Северна Македонија. Билатералните и историските прашања треба да бидат одвоени од овој процес, вели во интервју за МИА шефот на австриската дипломатија Александер Шаленберг.

-Ќе видиме како и кога ќе може да се формира нова влада во Бугарија. Кога и да се случи, двете страни не треба да губат време и треба да преземат конкретни чекори за меѓусебно приближување со цел да се ослободи патот за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ што е можно побрзо, вели Шаленберг.

Според него, важно е да се најде решение на билатерално ниво помеѓу Бугарија и Северна Македонија без да се воведуваат овие прашања во процесот на проширување, а дали е потребно посредништво од трета страна, тоа вели, двете земји самите треба да го просудат.

-Доколку дојдат до таков заклучок, Австрија е секогаш подготвена да ги понуди своите капацитети,посочува шефот на австриската дипломатија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.