Џафери: Ги пријавиви сите пратеници, нивно право е дали ќе се вакцинираат или не
23.04.2021
Јас и колегите како и службениците ќе примиме вакцина која што во моментот е достапна за сите граѓани на нашата држава, рече собранискиот спикер Талат Џафери.
-Собранието е во втората фаза за вакцинација односно приоритетна група за вакцинација како неопходна институција – носител на законодавната власт. Иако постоеше можност и препорака пратениците да се вакцинираат со претходно достапната вакцина, донесов одлука дека предност треба да се даде на службениците во Собранието, а потоа да се вакцинираат пратеницитерече Џафери.
На прашањето што доколку некој пратеник не сака да се вакцинира, Џафери рече дека тоа е одлука на пратениците.
-Нивна одлука е дали ќе се вакцинираат тоа не е одлука на Собранието.Јас мојата работа ја завршив, а тоа беше да ги пријавам и доставам податоци за сите 120 пратеници. Тие добиваат порака за терминот и во која кабина ќе бидат вакцинирани. Нивно право и одлука е дали ќе примат вакцина или не. Јас не можам да се мешам, рече Џафери.
