Трет ден никој ништо не превзема на напукнатата брана на Слатинско езеро!
Веќе трет ден ништо не се превзема за санирање на штетата на акумулацијата Слатино, пренесува веб порталот Лихнид. ком. Браната која напукна уште во саботата попладне е оставена на милост и немилост на времето. Самата локација е премногу ризична и во овој момент не доаѓа во предвид ангажирање на механизација и луѓе, велат од Центарот за управување со кризи.
Во текот на денешниот ден состојбата со акумулацијата со Слатинско езеро не е променета во однос на вчера. Нарушувањата се сериозни и секако ризикот за поголеми штети и продирање вода низ телото на браната се поголеми. Во последните 24 часа во регионот на сливното подрачје на Мраморечка река и Слатинското езеро имаше зголемен интензитет на врнежи шо дополнително ја зголеми количината вода во басенот, со што се зголеми и опасноста од целосно попуштање на браната.
„Вишокот на вода моментално се испушта преку цефководот кој во текот на вчершниот ден беше оспособен и преку оточниот канал од кој што се врши прелевње на вода. Од технички аспект во овој момент не можеме да кажиме кога ќе го решиме проблемот. Преку цефководот се одлеваат 0,7 до 0,8 метри кубни вода во секунда, што би ја подобрило состојбата за празнење на акумулацијата, меѓутоа во овие влошени хидролошки прилики тоа многу не ни помага.“ рече Митко Темелкоски од Центарот за управување со кризи.
Самата локација на браната е на подлога која е составена од природен материјал, бигор кој е доста порозен и има слаби механички карактеристики. Ова предизвикува одреден дел на ситните честички од телото на браната да се исфилтрираат со што се смалува кохезијата на материјалот.
Последен пат во 1993 година е испуштена акумулацијата и рибите се најдоа во нивите кај Слатински чифлик и надолу. Нуркачите вчера се обидоа но не успеаја да го отворат главниот вентил кој е на нулта точка така да ако се испуштеше езерото пеку тој вентил целата риба ќе заминеше.
„Ние како концесионери на рибниот фонд не знаеме како да реагираме затоа што по некои сознанија сеуште нема формирано ни кризен штаб за да знаеме дали е безбедно да се влезе, или не е, за да можеме да влеземе да го заштитиме рибниот фонд. Но преку инспекторот за рибарство е поднесено барање до хидробилошки завод која е овластена да даде мислење, што да превземеме понатака со рибниот фод, дали да го изловиме понатака со некои мрежи, влакови и кај да го префрлиме, и дали е тој штетен затоа што е автохтона риба, дали е здрав дали треба во карантин. Ништо не знаеме што да превземеме додека не добиме официјално мислење од нив.“ рече Радован Димитриески од СРД „Св. Апосотл Петар“ кое стопанисува со езерото.
Сеуште постои закана за животите на луѓето и стоката и нивните имоти. Постои опасност да бидат загрозени од три до пет куќи во дел од село Слатински чифлик, а постои можност да бидат загрозени земјоделските површини на жителите на Слатино, Слатински Чифлик и Издеглавје.
Екипи на СВР Охрид го обезбедува просторот, додека општина Дебарца прави напори за соодветни заштитни мерки во зоната на селото Слатински Чифлик, од кое најзагрозените жители се евакуирани..
За потсетување во 2011 година се случи хаварија со вретеното на испусниот шибер, меѓутоа тоа беше санација која се изврши тогаш и вода преку тој шибер повеќе не протекуваше.
Текст на Лихнид.ком.