Македонската армија на оглас прима 300 професионални војници

Министерството за одбрана распиша оглас за прием на 300 професионални војници и 10 подофицери во македонската армија.
-Ова е одлична можност за сите млади и мотивирани мажи и жени од сите етнички заедници, кои сакаат својата работна кариера да ја посветат во заштита на мирот и безбедноста на државата и на граѓаните. Секој што ги исполнува условите може да биде дел од македонската армија“, истакна министерот Владо Мисајловски.
Условите во распишаниот оглас предвидуваат работа на определено работно време, со договор за вработување во времетраење од четири години и можност за негово продолжување повеќе пати, до навршување на возраст од 45 години.
Министерот Мисајловски го најави и распишувањето на конкурсот за офицери со завршено високо образование.
Дума.мк
