Маричиќ: Мнгоу внимателно и одговорно ги водиме преговорите со Бугарија
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, зборувајќи за европските аспирации на земјата потенцираше дека Австрија е голем поддржувач за одржување на прва меѓувладина конференција на Северна Македонија, а во однос на спорот со Бугарија, одговарајќи на новинарско прашање тој истакна дека преговорите се водат со силен интензитет уште од 17 јануари и дека нашата страна ги штити своите интереси.
„Историчарите треба да ги дадат одговорите за историските прашања. Интензитетот на политичките преговори со Бугарија од 17 јануари па наваму не е намален. Нам ни е важно достоинствено и фер решение кое нема да го допира македонскиот јазик и идентитет. Мнгоу внимателно и одговорно ги водиме овие преговори, имајќи ги на ум нашите интереси и сметаме дека тоа ќе не донесе до решавање на спорот на правилен начин“,истакна Маричиќ на денешната заедничка прес-конференција со австриската сојузна министерка за ЕУ и уставни прашања Каролине Едштадлер