Маричиќ: Регионот да се обедини во борбата против стереотипите, дезинформациите и корупцијата

Објавено на 1 јули, 2021 во 11:45

Регионот да се обедини во борбата против стереотипите, дезинформациите и корупцијата, потенцираше министерот Маричиќ на Преспа форумот.

Овие проблеми се присутни во сите земји од нашиот регион и затоа фокусот треба да биде ставен на поблиска соработка. Тој во својот говор се осврна и на улогата на невладините организации и медиумите во борбата токму против овие девијантни појави.

-Улогата на медиумите е извонредно голема во кршењето на стереотипите и тие треба да бидат своевидна брана против говорот на омраза, хранењето на стереотипите и ширењето на лажните вести. Слободата на медиумите за тие да можат соодветно да ја завршат својата важна општествена улога е регионално прашање , истакна Маричиќ на првиот панел на Форумот насловен „Граѓанското општество и медиумите во регионот и евроинтеграцискиот процес“.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.