Метеопрогнозерот Поповски: Ни следуваат пообилни врнежи од дожд, локално поројни и проследени со грмежи – Можно е невреме!
Циклонската активност со центар над Средна и над Источна Европа останува да влијае на времето во Македонија, и таа постојано кружи над споменатите области од континентот, како и над Македонија, но и над целиот Балкански Полуостров, условувајќи чести врнежи и потпросечни температури за месец септември.
-Во ваква ситуација, во нашата Македонија, ни следуваат нови пообилни врнежи од дожд, локално поројни и проследени со грмежи, како и со засилување на ветерот во зоната на нестабилност. Локално можно е да се развијат поизразени нестабилни облачни јадра од кои би можело да има поинтензивни атмоосферски процеси, застапени во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд (над 25 л/м2) , силен ветер, електрични пранзења и со услови за појава на град. Апелираме, во случај на појава на невреме, како и на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Особено ова важи од претстојната ноќ, па се до петок кога ќе имаме чести и пообилни врнежи од дожд, пишува метеопрогнозерот Поповски.
Што се однесува до температурите на воздухот, тие ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени. Во Скопје температурата овие денови ќе се искачува во интервалот помеѓу 21 и 24 степени.
Дума.мк